
Претседателот на Собранието ,Талат Џафери, потврди во неделата вечерта дека не гласал на денешниот референдум, бидејќи неговото име го немало во избирачкиот список.
„Да, точно е, не гласав. Не можев да го искористам демократското право, бидејќи моето име не беше на избирачкиот список Моето име не беше на избирачкиот список во избирачко место каде гласав во сите изборни циклуси претходно, но се надевам дека се работи за изолиран случај“, рече Џафери.
Обраќајки се брзо по затворањето на избирачките места, Џафери им честиташе на институциите и граѓаните и кажа дека се надева на подобра иднина, а, како што кажа, овој ден ќе биде основа за идните процеси кои нè очекуваат во следниот период.
„Граѓаните докажаа дека припаѓаат на нивото на политичка култура од демократски развиените земји, најважно е дека припаѓаме на големото европско семејство. Им честитам на сите домашни институции за мирниот процес кој се одвиваше без сериозна неправилност. Граѓаните денеска ги поставија темелите за идна Македонија. Гласот на суверенот е тој што одлучува за иднината на оваа земја. Се надевам и се надеваме дека одлуката на суверенот е во насока на една подобра иднина за сите граѓани на Македонија. Честитам за овој значаен ден кога се одлучува иднината на сите граѓани, но и на идните генерации“, рече Џафери.