Сочна торта со лимон и јогурт

Доколку досега не сте ја пробале комбинацијата од јогурт и лимон, ова е вистинскиот рецепт за вас. Освежителна торта која ќе биде често уживање во вашиот дом.

Оваа торта со лимон ќе ве воодушеви, особено затоа што е подготвена со јогурт, има вкус на чизкејк и има малку калории.

Состојки:

За бисквитот:

чаша шеќер
рендана кора од 3 лимони
125 гр мек путер
3 јајца
1 чаша брашно
3/4 чаша јогурт

Сируп од лимон:

1/4 чаша сок од лимон (2 до 3 лимони)
1/2 чаша шеќер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 170 степени. Калапот за торта од 20 сантиметри намачкајте го со масло. Измешајте ги шеќерот и ренданата кора од лимон додека не добиете фина текстура. Додадете путер и продолжете со мешањето. Додадете ги едно по едно јајцето, па брашното и јогуртот. Прво додадете половина од брашното и половина јогурт, па кога ќе се соедини додадете го остатокот.

Истурете ја смесата во калапот и печете 40 до 45 минути. За тоа време направете сируп. Во мало тенџере ставете ги сокот од лимон и шеќерот и нежно загрејте ги без мешање додека не се раствори шеќерот.

Готовиот колач послужете го со сируп и јогурт.