Социјала на социјални мрежи

Нема врска насловов, само сакав малку од малку ефетктен да биде. Уште откако работев во маркетинг агенции се извештив да користам и креирам ултра кратки наслови. Нејсе.

 Самофаление грешнаго

Лично се сметам за еден од пионерите во користењето на социјалните мрежи. Од Jутјуб, Фејзбук, Твитер, а наназад и преку Блогерајот и Мирц. Мирцот беше чат-пат популарен, но блогерајот беше ептен заникаде во посетеност и влијателност. Тоа беше инкубаторот на новата шарена популација која и ден денес самобендисано владее на сите мрежи мислејќи дека влијае врз јавноста и креира мислење, трендови, а најчесто со страобална вулгарност и мобинг за омаловажување на противници или цели популации за разработување на партиските им агенди.

Јас сум цел живот козер, и се што правам правам заради забава, за себе и за други, да биде интересно, па макар биле и сериозни траорни теми, како политика или слично. Сум нашол милион добри причини за кои сум ги искористил мреживе, не само јас, за општо добро, но затоа има десет милијарди за нивна злоупотреба. За вас, практично да ви кажам, една објава вреди наспрам, најмалку 2-3000 кои се најобичен смет. Имаме Алксандрсика библиотека во која 90% од искористеноста е сведена на порнографија во мека или тврда варијанта (тука инста влезе силно), другото на политичка агенда, но тоа не збори за власти, политичари или самите мрежи, не, тоа збори за нас. Се додека има побарувачка – има понуда, да ви е јасно и тука не може да има дебата.

Памет?

Да имаше малку рацио немаше сериозна и валидна вест да трае три дена. Замислете општество каде луѓе исчезнуваат, се мобилизира целото општество и тоа трае и ќе трае ако треба со години на висока тензија се додека не дојде до решение, се притискаат власти, институции, јавни личности од секоја област, јавна, приватна, популарна сфера за да се излечи „болеста“, девијацијата. Драга учипирана публико, па вие не можете да запаметите што беше главна вест пред два месеци, а урлате и пискате таа да се реши некоја нова која до идната недела ќе ја заборавите, освен ако не е партија во прашање, па се чепка наоколу што некој некогаш рекол за да си го оправдате партискиот ангажман. Не е важно дали сте манипулирани или не, но влеговте во зона на миење раце, масовно клонирање на Понтиј Пилат. Ги следам загрижените по мрежите, постојано насекирани, пишуваат, анализираат, но на крај во релниот живот, толку. Ако одење на психијатар на Менхетн чини 400 долари саат, овде е скоро гага и ништо освен празнање меур, мочен меур. Затоа и Лејди Гага убаво се изјасни по оскарите – социјалните мрежи се канализација на човештвото.

Ама имам добри намери

Па што ако имаш, напишани ти се и објавени и длабоко во совеста знаеш дека ништо не си сотрил и дека проблемот на терен бара РЕАЛЕН ангажман. Плукање по политичари, личности и институции – да, заслужуваат, ама они се само јадна слика на она што сме НИЕ. Сакате да кажете дека сте подобри, почесни и подоблесни од нив? Јас знам дека има такви, (јас не сум и не мислам на себе) јас познавам такви. Но, поразително е што најголемиот дел од нив не се занимаваат со лунпен/твитер/фејзбук пролетеријатизам туку делуваат во сопствената област. Неее ма ни на крај памет не ми е да „трубам“ како некој стар диносаурус – демек порано било подобро, социјалниве мрежи не чинеле – не, не и не, напротив, супер се, за информирање и промовирање, и се додека е тоа рационално, ОК е. Лошо е кога ќе почне да ве допира, вознемирува… лошо по вас, буквално, здраствено.

Не ве вознемираваат коментари на ФБ за вас?

Ах, не лажете и не се лажете, повеќето и тоа како ве вознемирува, па макар на несвесно ниво им предизвикува стрес и тоа сериозно ги допира, повеќемината, зошто? Затоа што не можете да се издигнете над тоа. Добив статистика од ФБ дека на моите прифили кои се поврзани, личниот и фан, е намалено МОЕТО учество за околу 70% последниве 5 години. Интересно, мојот социјален, нервен, интимен, семеен, психички и професионален живот е многу многу постабилен, поурамнотежен, па на крајот на краиштата и подобра крвна слика и протисок одошто пред 15 години.

Совет

Користете ги и не цвикајте, биде разумни, Макдеончето е светски првак во јадење бурек, но не влегувајте, остајте дебелокожци нека се ситат, закануваат или тресат глупости. Не реагирајте два часа на силниот наплив да одговорите или објавите нешто што ве нервирало. Ви гарантирам, дека за 70% од напливот ќе отфрлите или воопшто коментирате. Зошто? Затоа што ќе увидите и самите дека не вреди. Ја паметите онаа од старите – изброј до десет?!?!

Автор: Јанко Илковски за НетПрес