Сомнежите во „ледениот синџир“ го одложија вакцинирањето во некои градови во Германија

Во неколку германски градови во неделата доцнеше почетокот на вакцинирањето против коронавирусот, бидејќи мониторнинг термометрите на повеќе илјади примероци покажале дека вакцината можеби не била на доволно ниска температура во текот на транспортот.

„При отчитувањето на дневникот на температурите, кои биле затворени во термо кутиите, се појавиле сомневања во исполнувањето на барањата на студениот синџир“, објави округот Лихтенфелс, на северот на најголемата германска сојузна покраина Баварија.

Медицинскиот персонал открил дека температурата во една термо кутија за транспорт на вакцините се искачила на дури 15 Целзиусови степени, откри портпаролот на округот Лихтенфелс, што е речиси двојно од вредноста од 8 Целзиусови степени во текот на неколку дена којашто ја одредија производителите, во случајот американско-германскиот тандем компании „Pfizer/BioNTech“, чија вакцина инаку е најкомплицирана за складирање и транспорт од сите водечки препарати затоа што на подолг период мора да биде чувана на температура од најмалку минус 70/80 Целзиусови степени.

Поради сомнителните илјади приомероци, соопштил порптаролот на областа Лихтенфелс (Оберфранкен – Горна Франконија), окрузите Кобург, Кронах, Кулмбах, Хоф, Бајерут и Вунзидел во северна Баварија чекаат одговор од германската биотехнолошка компанија „BioNTech“ дали вакцината воопшто може да се користи.

Од „BioNTech“ соопштиле дека одговориле на прашањето на окрузите дали вакцините може сѐ уште да се користат, но не сакале да го откријат одговорот, додека од американската фармацевтска компанија „Pfizer“ на барање за коментар од агенцијата Reuters посочиле на германскиот партнер.

„Не е суштината во тоа некој најбрзо да се вакцинира или во тоа кој има најмногу дози, најголемиот приоритет е безбедноста и совесната работа во полза на нашите сограѓани“, изјави Оливер Баер, управител на округот Хоф.

Инаку, вакцината која ја користи новата таканаречена mRNA технологија за создавање вакцини, на којашто се засноваат препаратите на „Pfizer/BioNTech“ и на американската компанија „Moderna“, мора да се чува на ултра ниски температури од околу минус 70 до минус 80, односно на минус 20 Целзиусови степени на „Moderna“, пред да дојдат до диструбутивните центри во специјално дизајнирани кутии кои се исполнети со сув мраз.

Кога ќе се извади од складот, оваа вакцина мора да се чува на температура од 2 до 8 Целзиусови степени најмногу во наредните пет дена за да биде исправна. Термо кутиите ги дизајнирал „Pfizer“, опремени се со GSP трагачи за компанииите да може да ги решаваат потенцијалните проблеми со складирањето при транспортот.

Вакцината на „AstraZeneca“, како и руската вакцина „Спутник V“, имаат предност во однос на конкурентите на Западот, бидејќи користеле традиционална технологија на антитела којашто е развивана на веќе познати платформи за други вакцини, па затоа и се поевтини и поедноставни за складирање. На овој начин создадените вакцини може да се чуваат на температури во обичен домашен ладилник од 2 до 8 Целзиусови степени до шест месеци, а не при екстремно ниски температури.

 

Забавена дистрибуцијата на вакцината и во САД

Европската унија во неделата покрена кампања на масовна имунизација на старите лица и здравствените работници за што поскоро спречување на ширењето на пандемијата. Ова доцнење во Германија укажа и на предизвиците во дистрибуцијата на вакцините, додека ЕУ разгледува одобрување за уште двете западни вакцини кои ги создадоа „Moderna“ и „AstraZeneca“, кои се помалку проблематични за складирање и транспорт.

Дистрибуцијата на вакцината на „Pfizer/BioNTech“ и во САД е побавна отколку што се очекуваше, и го доведе во прашање остварувањето на целта на американската администрација до крајот на декември да вакцинира повеќе до 20 милиони свои граѓани.

Проблемите со температурата за складирање и транспорт го одложи вакцинирањето и во јужните баварски окрузи Аугсбург и Дилинген, каде што персоналот на крајот сепак добил одобрување од „BioNTech“ за користење на вацината,

Кампањата за вакцинирање во Германија започна во саботата вечерта кога први вакцината ја примија корисници на пензионерските домови, како и штитениците за стари и немоќни лица. До ркајот на годинава германската сојузна влада планира да дистрибуира над 1,3 милиони дози од вакцината до локалните здравствени власти и по околу 700.000 седмично од јануари.