![prolet](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/03/prolet.jpg?resize=660%2C356&ssl=1)
Времето денеска во земјава ќе биде сончево и потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Утринските температури на места ќе се спуштат под и околу нулата, а дневните ќе бидат во пораст.
Минималната температура ќе се движи од минус пет до три степени, а дневната од 14 до 24 степени.
Од вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.