Сончево и топло со температури до 34 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Дневната температура ќе се движи од 24 до 34 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе се искачи до 32 степена.

Продолжува период на променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи. Кон средната на наредната седмица се очекува извесно стабилизирање на временската состојба. Дневната температура ќе бележи благ пораст.