Претежно сончево време не очекува денес. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Температурата ќе се движи од девет до 17 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе достигне до 11 степени.
Стабилно и суво и во наредниот период
Во наредниот период ќе се задржи стабилно и суво време со релативно високи дневни температури. Поради слабо изразените воздушни струења по котлините и речните долини ќе има појава на магла и ниска облачност, особено во претпладневните часови, а во овие места се очекува и температурите да бидат најниски.