
Времето во петокот во Македона во повисоките подрачја ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а по котлините со појава на магла или значителна ниска облачност, кои попладне ќе се намалат.
Минималната температура е во интервал од минус 3 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 15 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде значително облачно и магливо, во текот на денот облачноста делумно ќе се намали. Минималната температура се спушти до 0, а максималната ќе достигне 10 степени.
Во следните денови продолжува периодот на стабилно и суво време со умерена до значителна облачност, по котлините со појава на магла.