Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во северозападните и крајните источни делови ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер во западните делови од западен, а вдолж Повардарието од северозападен правец.
Максималната температура ќе достигне од 17 до 29 Целзиусови степени. Скопје 27, Маврово 17, Охрид 22, Битола 26, Крива Паланка 22, Берово 21, Кавадарци 28, Дојран 29.
Утре времето ќе биде сончево со умерена облачност, повремено облачноста ќе се зголемува. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северозападен ветер. Во крајните источни делови попладне ќе има услови за краткотраен дожд. Дневните температури ќе се движат од 19 до 31 степен.