Сончево со мала локална облачност

Во саботата на територијата на Македонија ќе преовладува сончево време  со мала локална облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а на некои места долж  Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Утринските температури се во интервалот од минус 11 до минус 4, додека соодветно дневните ќе се движат меѓу минус 1 и 7 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен до краткотрајно засилен северен ветер. Темепратурата ќе достигне до 5 степени.