
Аријана Михајловиќ, сопругата на тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ објави емотивна порака од болничката соба каде што српскиот тренер е на нова терапија по враќањето на леукемијата.
На Михајловиќ му беше дијагностицирана агресивен тип на леукемија во јули 2019 година, но тој успеа да се врати по повеќе тури хемотерапија и пресадување на коскена срж. Болеста се врати минатиот месец и Михајловиќ повторно е во болница, од каде го води тимот на Болоња преку видео-пораки.
„Мораме да бидеме цврсти без да ја загубиме нежноста. Ти си лав со меко срце. Изненадување“, напиша Аријана.
Аријана и Синиша минатата година добија внука, откако нивната ќерка Виргинија се ожени со фудбалерот Алесандро Вољако.