Американска компанија чијашто дејност е подигнување потонати бродови ја тужи владата на САД за сокривањето на местото на судар на подморници со остатоците од легендарниот пароброд „Титаник“ на дното од Атлантскиот Океан, пишува британскиот весник The Telegraph кој имал увуд во судските документи.
Компанијата „RMS Titanic Inc“ во 1994 година е признаена како субјект кој ги откри остатоците од потонатиот „Титаник“, и поседува ексклузивно право за подигање предмети од местото на бродоломот. Но на плановите на компанијата се спротеставува Националната управа за океански и атмосферски истражувања (NOAA), меторолошката агенција на американската влада, во чија надлежност се заштитата на потонатите бродови.
Повод за тужбата била експедицијата на британската современа истражувачка подморница „Тритон“ вредна 35 милиони долари ангажирана од британска компанија, којашто, како што се испоставило подоцна, се судрила со остатоците од „Титаник“ откако поради „силните и многу непредвидливи струи“ пилотот ја загубил контролата. Овој инцидент кој се случил ланскиот јули NOAA го потврдиле дури на 7-ми јануари.
Според оцената на спасувачката компанија, подолгиот период на премолчување на инцидентот укажува на недостиг од одговорност од страна на NOAA и „покренува голем број вознемирувачки прашања“. Правните застапници на компанијата бараат да се обезбеди видео-снимка од сударот, како и пред судот да бидат изведен претставниците на NOAA за да дадат соодветно објаснување.
Како што пишува натаму The Telegraph, компанијата ја поднела тужбата со цел да ги зголеми своите шанси да добие друг процес, кој започнува на 20-ти февруари. На овие судски сослушувања, „RMS Titanic Inc“ ќе бараат дозвола за подигнување од океанското дно голем број уникатни артефакти, вклучително и безжичниот телеграф „Маркони“, позјат како „гласот на Титаник“. Доколку има позитивна пресуда во овој случај, компанијата е подготвена да го подигне овој уред уште ова лето.
Британскиот параброд „Титанк“, кој се смета за најголемиот патнички брод на светот“, на 14-ти април 1912 година се судрил со санта мраз на неговото прво патување од англиското пристаниште Саитемптон кон Њујорк. Гордоста на британското морепловство тонело два часа и 40 минута, и притоа загинале околу 1.500 лица. Остатоците на „Титаник“ беа откриени во септември 1985 година, на околу 350 наутички милија од брегот на канадскиот остров Њуфаунланд на длабочина од околу четири километри.