
Преговарачите на Советот на Европската унија и на Европскиот парламент постигнаа во вторникот договор за Повеќегодишната финансиска рамка (ПФР), за периодот 2021 до 2027 година, објави германското претседателство.
„Договор за Европа – Советот и Европскиот парламент постигнаа договор за ПФР и пакетот за закрепнување“, објави на Twitter германското претседателствување со ЕУ. Во пораката уште се наведува дека се засилени европските програми, што беше барањето на Европскиот парламент, но дека притоа биле почитувани заклучоците од самотот на ЕУ во јули.
Челниците на земјите членки на ЕУ‘ постигнаа во јули политички договор за новиот седумгодишен буџет за периодот од 2021 до 2027 година во износ од 1.074 милијарди евра и за планот за закрепнување од 750 милијарди евра, од кои 390 милијарди евра бесповратна помош, а 360 милијарди евра во заеми. Севкупно, тоа изнесува над 1.800 милијарди евра.
За да може овој политички договор да започне да се спроведува, потребно е да е заврши законодавната постапка, што е во доменот на Советот на ЕУ и на Европскиот парламент.
Големиот чекор кон завршувањето на законоднавниот процес околу ПФР и планот за закрепнување беше направен минатата седмица кога преговарачите на двете институции постигнаа компромис за тоа користењето на европските фондови да биде условено со владеењето на правото. Тоа досега беше една од клучните пречки за договорот за седумгодишната буџетска рамка на ЕУ.
Преговарачите од Европскиот парламент во преговорите бараа и дополнителни средства за клучните европски програми, како што се здравството, истражувањата …, додека Советот на ЕУ беше на ставот дека не може да се оди над тоа што го договориле челниците на земјите членки, туку дека единствено е можно да се прераспределат средствата од едни програми во други и да се користат буџетските резерви.
Договорот меѓу Советот и Парламентот сега треба да го потврдат засебно двете институции. Покрај тоа, останува уште една пречка за почетокот на користењето на средствата од планот за заздравување на економијата наречен „ЕУ на следната генерација“. Сите држави членки мора да ја ратификуваат одлуката за сопствените приходи на ЕУ-буџетот, што е гаранција за Европската комисија дека може да се задолжи на финансиските пазари за 750 милијарди евра. Оваа сума ќе биде поделена на државите членки, како неповратна помош или преку поволни кредити.
Се стравува дека пречка може да претставуваат двете централно европски земји од ткн Вишеградска група, Полска и Унгарија, кои се незадовилни со решението доделувањето на парите на Унијата да биде условено со владеењето на правото. Имено, конзервативните влади во двете земји се во судир со бирократите и неолибералниот естаблишмент во Брисел околу наводното нивно непридржување до „европските вредности“.
Унгарија се закани со вето и доколу остане на тоа, тоа би знечело дека пропаѓа планот за закраепнување, но не и ПФР, затоа што во законодавниот дел од договорот не е потребна едногласност. Сепак, во Брисел сметаат дека унгарскиот премиер Виктор Орбан „блефира“, бидејќи оценуваат дека и на неговата земја многу ѝ се потребни пари, и се надеваат дека ќе се откаже зашто на него ќе ја стават одговорноста за блокирање на помошта за решавање на последиците од пандемијата на коронавирусот.