Советот за безбедност на ОН ќе се состане во понеделник за американските напади на Блискиот Исток

© AFP 2018 / Don Emmert

Советот за безбедност на ОН в понеделник ќе одржи итен состанок за американските напади во Ирак и Сирија, што ги почна како одмазда за смртта на тројца американски војници, изјавија дипломатски извори за француски медиуми.

Состанокот, што го побара постојаната членка Русија, ќе се одржи в понеделник во 16:00 часот по локално време (21:00 по Гринич), соопштија дипломатски извори.

Ќе се разговара за нападите што Вашингтон ги изврши против групите поддржани од Иран кои ги обвини за напад на американски војници во регионот.