Современиот балет „14 часа“ ќе се изведе во сабота

Најновата балетска продукција во МОБ, „14 ЧАСА“ ќе биде изведена во сабота 15 февруари со почеток во 20 часот.

Ова е современо балетско дело, кое низ синџир од 12 сцени, ги разработува женско-машките односи, преку ликовите на Лили и Марк. Автор на музиката е Кирил Џајковски, кореографијата и сценографското идејно решение се на Игор Киров, костимите на Александар Ношпал, а режијата и либретото на Наташа Поплавска.

Во балетот играат Александра Мијалкова, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Ангела Велевска, Васил Чичијашвили (Грузија), Бобан Ковачевски, Игор Веланоски, Јан Кисилев, Агим Бафтии и Трајче Стојковски.