Ова е совршено лесно јадење за топлите летни денови. Мошне лесно се вари, преполно е со витамини и минерали, не се готви и мошне брзо е готово. Исто така можете да ги менувате и состојките по желба.
Состојки:
- 2 краставици
- ½ помало авокадо
- ½ филњан црни маслинки без семки
- Кромид
- Морков
- Лист од магдонос
- 2 лажици сок од лимон
- 2 лажици маслиново масло
- Жалфија и копар
- 2 лажички сенф
- Прстофат шеќер, сол и црн бибер
Подготовка:
Подгответе прелив за салата од сок од лимон, маслиново масло, сенф, шечер, сол и бибер. Сите состојки добро промешајтре ги во стаклен сад со капак и оставете на собна температура.
Излупете ги краставицата и авокадото, пресечете ги на половина. Од авокадото извадете ја коската, а од краставицата средишниот дел па исечете ја краставицата на ленти, а авокадото на помали коцки.
Изрендајте го морковот, кромидот исечете го на ленти, а маслинките на кругчиња. Ставете на исчистени листови од зелена залата, просејте со исечкан магданос, жалфија и копар и прелејте со претходно подготвениот прелив.