
Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи изјави дека писмото на Исламската верска заедница (ИВЗ) е уцена и според него е потребен дијалог.
Претходно ИВЗ ја обвини Владата за бавната постапка за денационализација, како и за секојдневните проблеми кои ИВЗ ги имала од органите на власта кои ја попреувале во нејзината работа и секојдневната активност на одржување на верските објекти.
Сметаме дека заканите се непрофатливи од кого било да доаѓаат. Во случајов се работи за едно писимо на ИВЗ кое е сериозна уцена. Повикувам на сериозен пристап. Оваа Влада на чело со Зоран Заев покажа дека има сериознен капацитет за дијалог и разговор, во тој дух да разговараме со секого, но никако нема да дозволиме уцени од било кого, рече Спасовски.
Вицепремиерот Бујар Османи смета дека е неопходно да се седне и да се разговара.
Сметам дека треба да се седне и да се разговара за сите отворени прашања. Во минатото сме покажале дека со разговор може да се помогне на верските заедници во нивните барања кои ги сметаат за важни, рече Османи.