Спасувачки тимови од МВР извлекувале три млади двојки од завеаното прилепско село Вепрчани

Полициски службеници во соработка со пожарникари денеска извлекоа шест лица од прилепското село Вепрчани, кои поради снежни наноси не можеле да излезат од селото од завчера, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Три млади двојки од Кавадарци никогаш нема да ја заборават вчерашната прослава на Свети Трифун и на вљубените Свети Валентајн. Високите снежни наноси и блокираното Мариово не само што им го расипало забавата во викендичка во селото Вепрчани, туку им создало и дополнителни непланирани проблеми. Особено синоќа кога снегот и ветерот на места направил снежни наноси високи близу метар. Единствениот излез од безизлез го побарале преку прилепскиот Центар за управување кризи и со помош на подготвени тимови и возила од Територијалната противпожарна единица од Прилеп и Граничната полиција од Витолиште денеска по четиричасовно пробивање по снег шесте млади лица  биле извлечени од блокираното село.

Со специјални возила и опрема на спасителите им требале четири часа за да се пробијат до Вепрчани,велат од превојот Слива натаму се е блокирано, а во Мариово има и рудници и механизација ..

Сега велат шестмината млади кавадарчани останува да се приберат на топло во своите домови во Кавадарци и што побрзо да се одблокираат селата во Мариово за да можат да си ги земат автомобилите со кои во петокот стигнале во ова село..