Гостин во еден од скопските локални изминатата ноќ го извлекол „подебелиот крај“ откако се обидел да спречи физичка пресметка, меѓутоа истата ноќ во друг локал бил препознаен и физички нападната од десетина лица
Педесестгодишниот З.В.сопственик на угостителски објект лоциран во Трговскиот центар „Беверли хилс“ во скопката населба Капиштец ноќта во средата се соочил со проблемиоткако при крај на работното време се обидел да ја изгасне музиката, по што група гости кои дошле малку подоцна негодувале на одлуката на сопственикот и започнале вербална расправија со него.
По расправијата Д.А. физички го нападнал сопственикот З.В., а за да не дојде до нарушување од поголем обем, И.С. (41) гостин во угостителскиот објект, застанал помеѓу лицата и сопственикот. Тогаш настанала турканица, и за кратко време од страна на групата гости биле фрлени неколку шишиња кон шанкот, по што го напуштиле угостителскиот објект. Околу 02:30 часот, И.С. заминал во друг угостителски објект и физички бил нападнат од страна на десетина лица, меѓу кои и лица кои учествувале во нарушувањето во претходниот угостителски објект при што му се нанесени телесни повреди, информираат од МВР.
Во мешаницата со неколку удари во главата бил нападнат и менаџерот на угостителскиот објект 25-годишниот С.С. По нарушувањето, напаѓачите избегале од местото на настанот. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.