Репрезентацијата на Србија одигра фантастичен натпревар и ја прегази Канада со 95:86 во полуфиналето на Мундобаскетот 2023.
Од самиот почеток на натпреварот беше очигледно дека избраниците на Светислав Пешиќ предводени од Богдан Богдановиќ се одлучни да продолжат со доминацијата на СП.
Не се промени ситуацијата на теренот ниту во второто полувреме, во еден момент Србија имаше и 17 поени предност. До крајот Канаѓаните успеаа само да го ублажат поразот не и да направат нешто повеќе.
Во финалето Србија ќе игра против подобриот од пресметката помеѓу САД и Германија.