Србија испрати донација од 100.000 дози од вакцината на компанијата „Фајзер“ против Ковид-19 во Чешка.
Вакцините беа ветени од страна на српскиот претседател Александар Вучиќ за време на неговата посета во Прага кон средината на мај.
„Чешкиот воен авион штотуку презеде 100.620 дози вакцини на компанијата ‘Фајзер’ во Белград, кои ни ги дава Србија. Рекордно брза операција. Можеби се сеќавате: Вучиќ беше тука на 19 мај и за само 12 дена успеавме да ја завршиме работата вклучувајќи ја и дозволата на ‘Фајзер’“, објави чешкиот премиер Андреј Бабиш на „Твитер“.
Naše vojenské letadlo v Bělehradě právě vyzvedlo 100 620 dávek vakcín Pfizer, které nám daruje Srbsko. Rekordně rychlá akce. Možná si vzpomenete, že @avucic tu byl 19. 5. A my jsme za pouhých 12 dní dotáhli darovací proces, včetně povolení Pfizeru.
— Andrej Babiš (@AndrejBabis) May 31, 2021
Се очекува испораката да ја забрза вакцинацијата во Чешка, што сега е од интерес поради летните одмори и олеснувањето на рестриктивните мерки, додека епидемијата се смирува со само неколку стотици нови потврдени случаи на ден. Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, при испраќањето на пратката изјави дека станува збор за хуман и солидарен гест на Србија, која досега им дала 102.190 вакцини на своите соседи и објави дека Србија се подготвува да испрати уште 10.000 дози вакцини во Црна Гора, Сараевскиот кантон и во Република Српска.