Делта варијантата, или ткн индиски сој на коронавирусот, е откриена во Србија кај две лица кои неодамна се вратиле од странство, соопшти во четвртокот српското министерство за здравство, на денот кога првпат по август минатата 2020 година не е пријавен ниеден смртен исход од коронавирусната болест Covid-19.
Пациентите кај коишто е идентификуваната делата варијанта се помлади лица, не се вакцинирани, а моментално се во стабилна општа состојба, објави министерството за здравство на својата интернет страница.
Во Србија во последните 24 часа немало починати од Covid-19, што е првпат по 27-ми август минатата година, но исто така и по првиот ден без смртен исход во март 2020 година
Со направените 8.025 тестови на коронавирусот во последното деноноќие потвден е 81 нов случај на заразата. На болничко лекување во моментов е 291 пациент, од кои 13 се на респиратори.
Од почетокот на епидемијата во Србија во март 2020 година, досега се регистрирани 716.643 случаи на зараза со коронавирусот, починале 7.047 лица, со стапка на смртност од 0,98 отсто.