Весникот Global Post направил список на земји во кои е најевтино да се ужива во дрога, алкохол и цигари. Можеби ќе ве изненади, но соседна Србија има најевтини “екстази”, кои таму се дури 20 пати поевтини отколку во Црна Гора и Македонија, пренесе порталот Точка.
1.Марихуана (цена во Србија = 13 долари)
Србија не се нашла на списокот на земји каде е најевтина марихуаната, но е многу близу. Да се ужива во канабис е најевтино во Индија, каде еден грам чини само 8 центи, а рекордери се и Јужна Африка и Гватемала. Најскапо да се купи „трева“ е во Соединетите Арапски Емирати, каде се потребни дури 100 долари за да добиете еден грам од ова опојно растение. Во Србија се потребни околу 1.000 динари за еден грам, што е сепак многу поевтино од другите земји во регионот.
2.Кокаин (цена во Србија 88,3 долари)
Оваа дрога е најевтина во Боливија, Колумбија и Перу, каде еден грам чини помалку од 5 долари. Најскапо да се ужива во кокаин е во Австралија, каде чини дури околу 300 долари по грам. Прилично висока е и цената во Јапонија и Египет, каде ви требаат повеќе од 200 долари по грам.
3.MDMA (Цена во Србија, 2.65 долари)
Според податоците на американската Агенција за дрога и криминал, во Србија се потребни само 220 динари за да се купи една таблета од дрогата MDMA, или попозната како „екстаза“. Единствена земја во која е поевтино да се купи екстаза е Полска, каде требаат само 1,7 долари.
4.Хероин (Цена во Србија 26 долари)
Во Кенија еден грам хероин можете да го купите за неверојатни 1,9 долари. Во Брунеи пак, чини ненормални 1330,4 долари. Србија е повторно најевтина земја за дрога на Балканот, со оглед на тоа што таму хероинот чини само 26 долари, односно 2.000 динари.
5.Кристален метамфетамин (Цена во Србија 2,65 долари)
Србија е и меѓу земјите каде е најевтин кристалниот мет. Овде ви се потребни само 220 динари за грам, за разлика од, на пример Австралија, каде е потребна неверојатна сума од 641 долар.