Според реакциите на српската опозиција на догорот меѓу Србија и Косово во Охрид, тој преставува предавство, доведување во заблуда на граѓаните, отварање на пат кон Голема Албанија, а десно ориентираните и проруски партии најавија протест закажан за 24 март, јави МИА од Белград.
-Вучиќ немилосрдно повторува дека не го потпишал договорот. Нашите граѓани мора да знаат дека овој договор не мора ни да се потпише, бидејќи веќе е прифатен како платформа за преговори во кои Вучиќ е наголемо вклучен. Нашата историја не памети ваква измама на граѓаните, изјави поранешниот српски претседател и лидер на СДС, Борис Тадиќ.
„Велосипедот, европското тркало на Србија, ќе се врти само ако се стисне задниот педал, што претставува имплементација на косовскиот договор. Главно поглавје во преговорите со ЕУ сега е 35-то поглавје. Напредокот на Србија на европскиот пат сега е нераскинливо условен од нејзината соработка околу Косово. А, сето тоа го испреговара државникот (Александар Вучиќ), напиша претседателот на движењето СРЦЕ и поранешен претседателски канидат“, Здравко Понош.
Во редовите на опозицијата има и такви кои се убедени дека Србија нема алтернатива и дека нејзината европска иднина ја чека само доколку го прифати договорот.
-Она што е клучното прашање за Србија сега е – не дали го прифаќа договорот, договорот е конечен и непроменлив, тоа го знаеме и овој договор е одраз на политичката реалност што ја создадоа лошите политики на претходните 20 и повеќе години и тука ништо нема да се промени. Прашањето за нас е дали прифаќаме да бидеме дел од политичкиот простор што го создадоа ЕУ и САД – оние кои го нудат овој договор или ние тоа го одбиваме, праша Павле Грбовиќ, претседател на Движењето на слободни граѓани (ПСГ).
Лидерот на Народната Партија (НС), Вук Јеремиќ порача дека прифаќањето на европскиот план ја отвора вратата за создавање Голема Албанија и дека – доколку итно не се отфрли – немирите и конфликтите може да бидат иднината што ја чека Србија.