Српската полиција изврши над 900 рации во големата акција „Гром“

Директорот на српската полиција Милорад Вељовиќ, изјави денеска дека во една од најголемите акции спроведени досега во Србија, беа уапсени неколку стотици луѓе кои се поврзуваат со продажба и дистрибуција на дрога, соопшти белградското радио„ Б -92“.

Според неговите зборови над 250 лица би требало да бидат во притвор и против нив да биде покрената судска постапка.

На прес-конференцијата Вељовиќ изјави дека во операција „Гром“, која почнала во шест часот вчера наутро во цела Србија, биле извршени 909 рации, а по бројот на уапсените и количеството на пронајдените најзагрозен градот Нови Сад, каде што беа запленети пет килограми хероин. Вељовиќ изјави дека меѓу уапсените има екстремисти и членови на организирани криминални групи.

Српскиот вицепремиер Александар Вучиќ изјави дека големата операција „Гром“ против осомничени дилери на дрога била најефикасна полициска операција во земјата во последните 25 години, како резултат на која ќе бидат покренати обвиненија против најмалку 250 лица, пренесе „Танјуг“.

Вучи , кој е и шеф на Бирото за координација на службите за безбедност , рече на прес-конференција во Белград дека полицијата извршила претрес во 918 локации во цела Србија, а само во главниот град на 26 места била пронајдена, што докажуваат дека станува збор за трговци, а не само за корисници на дрога.

Вицепремиерот ја пофали полицијата и обвинителството, истакнувајќи дека тоа е единствен случај во светот, кога само при една операција се создадени предуслови за судење на над 250 лица. Тој истакна дека подготовката на операцијата била многу сложена, бидејќи сите очекуваа апсења за стопански криминал, а не дека цел ќе бидат дилерите на дрога.

Вучиќ објави дека полицијата и обвинителството подготвуваат и други „изненадувања“.