Српски уставен судија: Само Македонија може да биде обвинета за геноцид врз Албанците!

И сега Албанците условуваат да им се подари Македонско признание за некаков Српски геноцид над Албанците во период од неколку децении наназад, почнувајќи од 1912 година. Дури се спомнува и тужба против Србија за геноцид. Правно гледано тоа е повеќе од бизарно, иако Србија последниве години е омилена мета за бесмислени оптужувања. Геноцидот како кривично дело на меѓународно ниво постои од 1951, кога на сила стапи Конвенцијата за спречување и казнување за злоделата од геноцидот во 1948. Кривичното право не може да се применува ретроактивно, освен кога новиот закон е поволен за чинителот, пишува Шкулиќ.

Тој додава дека ни држави не можат да се тужат во Меѓународниот суд за правда за кривични дела кои не постоеле во тоа време кога се извршени. Па така, можноста за тужба против Србија за геноцидот врз Албанците е исклучена во правна смисла, но самото спомнување на некакво “српска грешка” има голем пропаганден ефект, затоа што геноцидо е “злодело над злоделата”.

Иако кривичната одговорност е индивидуална, дури и четвртата генерација на Германците чувствува морални последици од нацистичките мега злодела, а посебно геноцидот над Евреите, но и Словенските народи во Втората светска војна. Геноцидот е кривичноправна категорија, но исто така е и историски поим. Некои историски геноциди се неспорни, иако никој за нив не е формално осуден, затоа што во време на нивното извршување такво злодело не постоело. Таков е случајот на геноцид врз Србите, Евреите и Ромите. Многу историчари го сметаат за геноцид и бруталниот удар над Ермените во Турција за време на Првата светска војна. Фалсификувањето на историјата е најчесто бизарно, некогаш дури смешно и мизерно, а некогаш може да служи и како “поплочен пат” кон големи несреќи. Фалсификувањето на геноцидот е сето тоа, но тоа е секако опасно без исклучоци, затоа што народите односно нивните политички “елити” или “квазиели”, кои самите себеси се прогласуваат за жрвти на тоа “капитално злодело”, веруваат во тоа дека поради тоа некој нешто им должи и стануваат така наречени мегаломани. Таквото фалсификување е големо зло, затоа што на планинскиот Балкан повеќе се тежнее кон одмаздување, отколку кон смирување, пишува Шкулиќ.