Дел од бизнис заедницата не очекува имплементацијата на политичкиот договор да влијае врз бизнисот, односно вработувањето и инвестициите во наредниот период.
Причина за тоа, како што изјави денеска претседателот на ИКТ комората при Сојузот на стопански комори (ССК), Саша Огненовски, е долгорочноста на договорот, односно неговата примена на малку подолг период.
– Не би можеле да прогнозираме какво ќе биде влијанието на синоќа постигнатиот политички договор. Но, дологорочноста на неговата имплементација сметаме дека ќе ги ублажи влијанијата и нема да се почувствува во бизнис секторот. Ако беше кракторочен, секако ќе имаше влијание, истакна Огненовски пред јавната расправа за краткорочната ИКТ стратегија 2016-2017.