Стабилно и суво време, со пораст на температурите

Продолжува периодот на стабилно и суво време, а температурите ќе бележат благ пораст.

Сончево време со мала до умерена облачност не очекува во текот на денешниот ден. Според најавите, поголемо наоблачување се очекува во североисточниот дел од земјава.

Ќе дува умерен, а долж Повардарјето и на повисоките места засилен ветер од северозападен правец што ќе овозможи извесно прочистување на атмосферата.

Стабилно и суво време, со пораст на температурите
Стабилно и суво време, со пораст на температурите

Утринската температура ќе се движи од нула до девет, а дневната од 15 до 22 степена.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе искачи до 18 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и суво време. Под влијание на малку потопла воздушна маса од југ дневната температура ќе биде во благ пораст, меѓутоа од сабота повторно ќе опаѓа.

Какво време не очекува до крајот на месецов, проследете на следниот линк.