![kucinja](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/05/kucinja.jpg?resize=282%2C179&ssl=1)
Постар маж од Драчево беше искасан од улични кучиња, поради што побарал помош во локалната амбуланта.
МВР соопшти дека во полициска станица од општа надлежност Драчево 70-годишниот О.Н го пријавил случајот.
Еден час претходно додека се движел со велосипед на улица „Коперникова“, од страна на три кучиња скитници бил турнат од велосипедот, а потоа бил каснат во пределот на надколеницата на левата нога.
Потоа се упатил во поликлиниката Драчево, каде побарал лекарска помош.