Србија ја крена рампата за извоз на сончогледово масло. 2 милиони литри зејтин се на пат кон земјава. Кризата со недостиг на масло за јадење е надмината. Министерот за земјоделие апелира- граѓаните да не паничат и да создаваат вештачка криза. Обозедени се доволни количини, а се очекува и намалување на цената, по укинување на царината за увоз
Граѓаните да не паничат, но и информациите да се пренусваат јасно, транспарентно и вистинито. Фактот што се набавуваат два или три пати повеќе зејтин, говори дека домаќинствата непотребно складираат, рече Николовски.
Министерот за економија, Бектеши на својот ФБ профил утринава сподели слики каде се гледа купување на огромни количини масло за јадење. Според него, набавено не е за сопствени потреби, туку за препродажба . Затоа Владата вчера препорача маркетите да ги ограничат количините и сами да одлучат по колку литри ќе можат да купат граѓаните. Денеска во маркетите масло има – но дозволената количина е до 3 литри по човек.
Изминатиов месец продажбата е тројно зголемена, а во некои маркети и воопшто немаше масло за јадење. Производителите проблемот го лоцираа кај трговците, кои не набавувале , затоа што немале интерес да го продаваат без заработка, па тоа и беше една од причините за празни рафтови.