Ѕвездата на акционите филмови од 90-тите години, Стивен Сегал изјавил дека планира да се кандидира за гувернер на американската сојузна држава Аризона.
Шеесет и едногодишниот Сегал е именуван за помошник во канцеларијата на шерифот во Тексас, Луизијана и Ново Мексико, а со своите политички аспирации открил дека се залага за зголемување на безбедноста на Аризона.
Сегал е припадник на неформалниот одред на Џое Арпаи, контоверзен шериф, кој што е составен од над три илјади доброволни цивили.