Овие избори од СДСМ и Зоран Заев јавноста нема да види програма туку бомби! На овие избори битката на Заев ќе биде со страв и со лаги! Извршителите не ги знае, но инспираторите да! Зад мене е објектот, зад мене е инспирацијата за бомбашкиот напад врз семејниот објект на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.Бомбашки напад врз функционер на опозицијата! Тоа е вистинското лице на забеганиот СДСМ.Тоа е чисто политичко насилство, мерки од најнедемократски режими.Насилството кое што се демонстрира е инспирирано и поттикнато од забеганиот СДСМ, од нивната насилничка реторика.Насилство кое што не враќа во мрачното време 90-тите, на транзицијата, изјаву Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Насилството, бомбашкиот напад на семеен објект на потпретседател на опозицијата, директно поттикнат од неказнивоста на функционерите на забеганиот СДСМ. За нив не важат законите, за нив важи само криминалот, насилството и сеењето на омраза. Одговорноста за бомбашкиот напад е во СДСМ, тука зад мене! И тука треба да се бараат инспираторите за нападот, кој што за среќа мина без жртви.Свесни за поразот, тонат во целосна забеганост, немоќ и страв, затоа атакуваат, напаѓаат врз првите луѓе на опозицијата.Игор Дурловски беше пресретнуван и вербално напаѓан со закани, Рашела Мизрахи е постојано следена и фотографирана за што има и пријава до полицијата, потпретседателот Николоски посочи на прислушување и следење, а сега – сега и бомби почнаа да фрлаат врз семејниот објект на Мисајловски!“, изјави Стоилковски.
Ова е крик на очајни луѓе, сокриени во објектот зад мене, кои што прават се за да не одговараат пред правото и правдата!Институциите мора да реагираат, случајот да се разреши што поскоро, сторителот или сторителите да бидат санкционирани.Не смее да се дозволи бандити да ни ја земат државата и ги контролираат нашите судбини.Решени сме, одиме до крај, до поразување на злото. Компромис со криминалот НЕМА.По 15-ти јули правната држава ќе профункционира и сите кои што се огрешиле ќе одговараат.Јасен е изборот – или обнова со ВМРО-ДПМНЕ или криминал со Заев и СДСМ. Македонија не заборава, народот прави разлика, изјави Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.