Премиерот Зоран Заев и неговата СДСМ пред претседателските избори се обидуваат да купат гласови, па така вработуваат партиски послушници и ја преполнуваат администрацијата со несоодветни кадри, обвини во саботата Наум Стоилковски, портпарол на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Стоилковски посочи дека Заев „е прочитан“ и ја губи поддршката за неговите „антидржавни и криминогени политики“, па затоа . Зсе обидува да купат гласови, но не со приватни пари, туку со пари од граѓаните.
„Вработуваат партиски послушници и ја преполнуваат администрацијата со несоодветни кадри, а граѓаните плаќаат за оваа масовна операција.Вработувањето на ќерките и синовите на Фрчкоски, Бучковски, Бејта, Цафери, Грчев и десетици други послушници на Заев беше само почеток. Во период на државни празници, власта вдомува над 300 нови партиски војници во администрацијата“, рече прес-конференција Стоилковски.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, станува збор за „класична корупција и обид за купување на гласови пред претстојните избори.
„Оваа операција на Заев на годишно ниво ќе ги чини граѓаните преку два милиони евра кои ќе им ги зема преку покачената акциза и зголемените даноци. За ваков криминал во правна држава се одговара. Тоа што до вчера беше обемна, масовна, спора, неефикасна, неевропска администрација, сега станува јасли за секој еден партиски војник на СДСМ. Па нели ќе спроведеа мала и ефикасна јавна администрација? Каде е најавената „фунционална анализа за вишокот превработени во администрацијата, пред оваа акција за партизација? Ова ли се капиталните проекти на СДСМ, прелевање на парите од буџетот во партиските џебови, преку партизација на администрацијата?“, праша Стоилковски.
Потенцираше дека распишани се над 300 огласи за вработувања во министерства, владини агенции, дирекции и тела кои во овие десетина дена се објавиле огласи за вработување, од советници до копиранти, од келнери до шанкери и кафекувари, со плати од 15 до 35 илјади денари, а ова е само продолжување на трендот на партизација на она што до вчера беше главна теза на СДСМ дека администрацијата мора да е мала и професионална.
„СДСМ го спроведува партискиот проект мрежа за партизација на општинските и државните јавни претпријатија, на администрацијата, потоа измислува нови работни места како заменици директори со цели кабинети за задоволување на поголемите апетити, а сега во очи на претседателските избори во празнични денови повторно ја полни администрацијата. Забелешки на партизацијата од СДСМ има и од Европската Комисија но тоа за нив сега не е важно. Важно им е да се јадат живи луѓе да се смени и пополни се од министер до хигиеничар и партиската членска книшка да биде замена за личните документи и да е главна од одење на лекар до вработување. Епа вака не се враќаат 600.000 иселени колку што ги пребројуваа. Вака само дополнително се редат нови и нови чевли пред владата“, рече Стоилковски.
Посочи дека со ваква груба партизација власта испраќа порака дека во државата нема место за професионалци, за вредни, за работни, за образовани, туку само за партиски кадри.
„Зарем во ова власта смета дека никој нема да препознае кршење на сите норми, дека се спроведуваат коруптивни, криминогени вработувања во очи на избори, дека се спроведува црна партизација врз грбот на чесните. И повторно ќе посочат дека ако нема датум за почеток на преговори со Европската Унија, администрацијата ли ќе биде виновна. Овие црнила мора да сопрат. Во државата мора да има ред да се почитуваат нормите, да се спроведуваат вистински реформи. Затоа црнилата мора да запрат а ќе сопрат кога ќе им го видиме грбот. Колку побрзо заминат толку подобро за сите во Република Македонија“, заклучи Стоилковски.