Стоилковски: Владата да одговори дали продавање на петарди е дел од проевропскиот претприемачки дух на внукот на Али Ахмети?

Ги мислевме за европјани овие од СДС и ДУИ, а тие да продавале петарди. Годинава не може да заврши посрамно за владата од вчерашниот скандал, внукот на Али Ахмети оној со претприемачки дух, Дрин Ахмети е фатен со полн џип пиротехника и петарди, кажа на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски

Ги мислевме за европјани овие од СДС и ДУИ, а тие да продавале петарди. Годинава не може даТ заврши посрамно за владата од вчерашниот скандал, внукот на Али Ахмети оној со претприемачки дух, Дрин Ахмети е фатен со полн џип пиротехника и петарди, кажа на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Владата мора да одговори: Со тоа што Али Ахмети е дел од “европската коалиција”, а синоќа милионерот Дрин Ахмети освен што ја купи Соравија, дознавме дека шверцувал петарди, би прашале дали биле европски пиротехничките средства, од која европска земја се донесени, дали звукот што го испуштаат е европски и дали ја информирале Европската комисија за оваа нивна реформа со пиротехнички средства? Владата денеска мора да одговори дали можеби и продавањето на петарди е дел од проевропскиот претприемачки дух на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети, којшто беспари го зема центарот Соравија?

Дали навистина Дрин Ахмети има фабрика за производство на петарди, или тоа бил лажен изговор пред полицијата? Дали Соравија е претворена во фабрика за петарди за Дрин Ахмети потоа да ги продава? Но почитувани, од владата и од Спасовски мора да има одговори дали вчера полициските Тигри кога го привеле Дрин Ахмети, со полн џип петарди и пиротехника, само по половина час Тигрите добиле “европска” наредба да се повлечат од станицата Центар?

Дали во системот навистина првично “европски” стоело дека е пронајдено возило со петарди, целиот случај да се води како нарушен ред и мир, да нема кривично дело, да нема ниту име и презиме на сторител? Дали Спасовски првично се исплаши од името на Дрин Ахмети тоа да биде спомнато? И дали сето потоа е сменето под притисок на јавноста? Уште што ли се ќе доживее Македонија со СДС и со ДУИ? Порача Стоилковски.

Никогаш не било полошо, Важно е да ги поразиме! Додаде Стоилковски.