Јавниот здравствен систем тоне, а Зоран Заев и неговиот незаменлив Венко Филипче во него гледаат само можност за тендери и слевање на пари во партиските џебови. Денес, наместо 120 милиони евра колку што требаше вкупно да чини новиот Клинички центар „Мајка Тереза“, притоа веќе беше направен до половина планот, сега ќе беше направен до половина, сега Филипче и Заев сакаат да потрошат 480 милиони евра!? Четири пати повеќе!, ова денеска го истакна Наум Стоилковски на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.
-За потсетување, оваа власт го раскина договорот за изградба на новиот Клинички центар, вреден 128 милиони евра, за кој се беше готово само требаше да стартува изградбата. Потсетувам ВМРО-ДПМНЕ остави готов проект, со потпишани договори за градба вредна 72 милиони евра, со физибилити студии, со финансиски планови, со најдени пари, со се’ подготвено, ама тоа пред две години не им чинеше на оваа влада! А сега е јасно зошто! Денес пак бараат не 120 туку четири пати повеќе 480 милиони евра!? Ама нема за што, кога повторно велат ќе правеле нов финансиски план!? Немаат финансиски план, а пресметале дека ќе потрошат 480 милиони евра!? Почитувани, лажат! Со години лажат за нов клинички додека го уништуваат јавното здравство. Овој проект е дел од оние капиталните кои што никогаш, ама никогаш со Заев нема да го видат светло на денот! Исто како што јавното здравство со Филипче се сведе на: крвави тендери вредни 36 милиони евра, ќерка дава тендер на татко од 3 милиони евра, афера инсулини со кус рок, афера вакцини со минат рок, приватизирање на Итна помош, предадена детска кардиохирургија во приватниот сектор. Излажани доктори за плати, излажани специјализанти, не водење сметка за паркинг, за хигиена, за ништо! Така ќе заврши и проектот Клинички на лажни ветувања, се додека има можност за нови и нови тендери и договори во корист на партиските џебови на СДСМ, потенцира Стоилковски.
Тој додава дека бидејќи веројатно ќе реагираат на оваа прес конференција, еве нека одговорат и на прашањата:
-Како тоа само што не фрлиле темели, а немаат ниту финансиски план, ниту урбанистички план, ниту било каква инфраструктурна мрежа до наводната избрана локација за новиот Клинички? Дали се направени геомеханички испитувања на теренот каде што наводно ќе се гради Клиничкиот, за што треба најмалку 6 месеци? Има ли идеен, па основен, па ревидиран проект за градбата, има ли затоа кој ќе го прави проектот, бидејќи само за изработка на ваков проект потребна е околу година ипол. Повторно, знаат ли дека за се ова се потребни тендерски постапки? И за крај и најважното, колку време ќе им треба за преговарање со финансиските институции од каде што ќе треба да се земат, да се позајмат над 500 милиони евра за целосно завршување на проектот? Со години не можат да се договорат каде би се градел новиот Клинички центар. Наместо да го продолжат проектот или веднаш да почнеа со нов, ако веќе не им се допаѓаше, веќе изготвениот план, и ден денес, на половина од мандатот СДСМ лаже за нов Клинички центар! Лажат и купуваат време. Впрочем како и за се останато. Почитуван Филипче, Заев, СДСМ доста е! Вашите лаги, вашите криминали веќе не минуваат кај граѓаните! Скапите реклами за европско здравство не ги лечат граѓаните. За краток период направивте огромни и трагични грешки во здравството! Доста е! Заминете си!, вели Стоилковски.