Стоилковски: Заев е должен да каже дали и Бугарија бара да го смениме Уставот

Проблемот со Бугарија настана откако Зоран Заев ветил се што денес Бугарија и владата во Софија бара од него да исполни. За ова има лични признанија од бугарски политичари во врвот. Заев излажа дека ги има затворено клучните прашања за Македонија, рече на денешната прес конференција Наум Стоилковски на новинарско прашање за последните настани порзани со односите помеѓу Македонија и Бугарија.

– Затоа Заев е должен да каже дали последните барања од Захариева се уставни измени по теркот на договорот со Грција, редефинирање на македонската нација и откажување од македонската историја. Јавноста заслужува одговори и вистински срам е што овие информации се дознаваат од неофицијални места а не од официјалните извори од владата на Македонија – рече Стоилковски.