Стотици активисти упаднаа во саботата во неклолку рудници за јаглен на истокот од Германија, барајќи итно да се прекине со користење на овој енергенс.
Еколошките активисти провалиле во да јагленокопа во сојузната покраина Бранденбург, и на наоѓалиште на лигнит во покраината Саксонија.
Акцијата била изведена во организација на групата „Ende Galaende“, во знак на протест против климатските политики на владата во Берлин. Германската влада има намера да го прекине користењето на јагленот до 2038 година, што според еколошките активисти е предолг рок.
Засега не е јасно дали активистите насилно ќе бида истерени од рудникот, бидејќи полицајците добиле упатства да не се изложуваат на опасност влекувајќи во коповите.