Во Црна Гора денеска започна да се применува владината одлука за стекнување економско државјанство, овозможувајќи им на странските инвеститори да добијат црногорски пасош, објавија локалните медиуми.
Инвеститорот може да добие црногорско државјанство на неколку начини, на пример, доколку уплати 100.000 евра на сметката за развој на помалку развиените области.
Државјанство, исто така, може да се стекне ако инвеститорот вложи најмалку 450.000 евра во еден од проектите за развој на Подгорица или 250.000 евра за развојни проекти во северниот или централниот дел на Црна Гора.
Парите ќе бидат уплаќани во посебен фонд, од кој ќе се финансира изградбата на инфраструктурата во помалку развиените општини, претежно во северниот дел на земјата.