Во страотен судир на два автомобила, од кој едниот бил „Фиќо“, попладнево во скопската населба Влае се тешко повредени маж и жена, кои биле итно префрлени во болница, објави порталот Скопје1.
Според информациите од очевидци, несреќата се случила во непосредна близина на „Влајко“ и мостот „Обединети нации“.
Засега нема информации за здравствената состојба на повредените.