Стружанец загина сечејќи дрва

49-годишен маж од селото Богојци загина откако се повредил сечејќи дрва.

-Вчера околу 19.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека во с.Богојци, струшко, К.А.(49) од с.Богојци, се повредил сечејќи дрва. Тој бил  пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде што им подлегнал на повредите. Увид извршила екипа од Полициска станица Струга, велат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.