Вакцината против новиот коронавирус SARS-CoV-2 која ја разви британско-шведската фармацевтска компанија „AstraZeneca“ во соработка со Универзитетот Оксфорд, стана првата во вторникот чијашто ефикасност е потврдена во рецензија на едно научно списание, во случајот The Lancet.
Објавувањето на овие резултати, кои минале детална анализа на независни научници, потврдуваат дека оваа вакцина има околу 70-процентна ефикасност, е во согласноста со оние кои „AstraZeneca“ ги објави на 23-ти ноември.
Податоците за оваа вакцина објавени во The Lancet им дава можност на научниците од целиот свет подетално да ја испитаат и да имаат појасна слика за нејзината ефикасност и безбедност.
Вакцината AZD1222 е околу 70-процентно ефикасна, напишаа во The Lancet научникот Ендрју Плард и неговиот тим. Меѓутоа, оваа ефикасност не претставува просек, бидејќи во испитувањето се користени два протокола. Едната група ги примила двете полни дози и кај неа ефикасноста е 62 отсто, а втората случајно прво половина доза па дури потоа полна и кај неа вакцината имала ефикасност од 90 отсто.
Запрашан дали половината а потоа и целата доза бил режим кој бил планиран или се случила грешка, како што претходно објавија од „AstraZeneca“, Полард вели дека тоа било „непланирано“.
Меѓутоа, ниту во една од групите испитаници немало луѓе над 55 години, па оттаму е тешко да се каже колкава ефикасност вакцината ќе има кај повозрасните луѓе.
Според податоците кои се објавени во The Lancet, вакцината на „AstraZeneca“, исто така, е безбедна за користење.
Од вкупно 23.754 волонтери кои учествувале во испитувањата, само еден имал „несакана сериозна нуспојава можно поврзана“ со вакцината. Уште двајца имале нуспојави, но еден од нив припаѓал на групата која примила плацебо, а за другиот не е познато на која група припаѓал. Сите тројца закрепнале.
Научниците, исто така, не можеле да потврдат и колку долго вакцината вакцината тестирана во Велика Британија, Бразил и Јужноафриканската Република, ќе дава заштита.
Во написот во The Lancet се истакнува дека „AstraZeneca“ и Униврзитетот Оксфорд ќе мора и натаму да работат за да потврдат дека нивната вакцина може да биде 90 отсто ефикасна.