Судот на правдата на Европската унија денеска ја отфрли тужбата на британски граѓани поради губење на нивните права како европски граѓани по Брегзит.
За многу Британци кои живеат и работат во Европската унија, животот стана покомплициран по одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ, вклучително и кога станува збор за работа и дозволи за престој.
– Судот заклучува дека британските државјани немаат интерес во поднесување тужба и дека Општиот суд правилно го отфрли нивното барање како неосновано, се вели во соопштението.
Пред Брегзит, во ЕУ живееле околу еден милион Британци, покажуваат податоците на Велика Британија и Ирска.