Судот во Мјанмар ја осуди Су Чи на шест години затвор поради корупција

Судот во Мјанмар ја осуди во понеделникот соборената челничка Аунг Сан Су Чи на шест години затвор, откако ја прогласи виновна за четири случаи на корупција, изјавил за Reuters извор близок на судски извори.

Добитничката на Нобеловата награда за мир во 1991 година и челничката на мјанмарската опозиција која се противи на военото владеење обвинета е за најмалку 18 кривични дела, од земање мито до кршење на изборните правила, за што е предвидена максимална затворска казна од речиси 190 години.

Аналитичарите веруваат дека воениот врв на Мјанмар сака долгорочно да ја замолчи Аунг Су Чи, бидејќи според обвинувањата ѝ се заканува долга затворска казна. Обвинета е, меѓу другото, и за кршење на наворешнотрговските прописи и прописите воведени поради коронавирусот, како и за поттикнување.

Седумдесет иседумгодишната Су Чи ги нарече обвинувањата апсурдни и негира сѐ што ѝ се става на товар.

Во понеделникот е прогласена за виновна за злоупотреба на средства од Фондацијата Даув Кин Чи, организација чијашто основачка е Су Чи, а се занимава со промовирање на здравјето и образованието. Во појаснувањето на судот стои дека средствата ги искористила за градење куќа и за закуп на државно земјите по поповолна цена, рекле изворите на агенцијата.

Су Чи, која сега е во самица во затворот во главниот град Непјидо, веќе е осудена на 11 години затвор во други случаи.

Мјанмар е зафатен со политички превирања од минатата 2021 година кога војската ја распушти избраната влада кој ја водеше партијата на Су Чи, по победата на изборите под обвинение за изборна измама.

Следеа крвави протести. Десетици илјади лица се затворени, сурово измачувани, претепувани или убивани, според невладините организации за човекови права. Во декларација на Обединетите нации ги оцени како злосторства против човечноста.

Голем дела од меѓународната заедница наметна санкции на мјанмарската армија и ги отфрли судењата на Су Чи, оценувајќи ги како монтирани процеси. Ќерката на предводникот на мјанмарската кампања за независност од колонијалната власт на Велика Британија, ја водеше земјата пет години во кусиот период на реформи, а пота беше соборена со акција на воениот врв. Во Мјанмар (некогашна Бурма) војската на власт е пет од последните шест децении.

Протестите за ослободување на Су Чи и враќање на демократските институции и натаму резултираат со судири со безбедносните сили.

Војската на Мјанмар на 1-ви февраури 2021 година ја собори цивилната влада и ја презема власта апсејќи голем број владини функционери. Војската овој потег го оправда со наводно масовно фалсификување на резултатите од општите избори во 2020 година и неподготвеноста на цивилните власти да го истражат тоа. Членовите на привремената воена влада ветија одржување нови парламентарни избори за една година и предавање на власта на партијата којашто ќе победи на нив. Подоцна, воениот портпарол поради безредијата со стотици жртви соопшти дека е донесена одлука изборите да се одржат во рок од две години.

Масовните протести против воените власти се секојдневие во повеќето градови ширум Мјанмар. Повеќе од 70 отсто од државните службеници, вклучително и медицинските работници, се вклучија во кампањата на граѓанска непослушност кон властите, напуштајќи ги работните места.

Протестите кои привлекоа десетици илјади луѓе во првите денови на отпорот во големите градови, главно сега се запрени а противниците на превратот почнаа да изведуваат ткн „герилски протести“, односно мали брзи искажувања на отпорот пред безабедносните сили да можат да одговорат на нив.

Сите западните влади го осудија превратот, иако досега имаше малку конкретни активности за спроведување на притисок врз мјанмарските генерали. Советот за безбедност при Обединетите нации побара ослободување на Аунг Су Чи и другите притворени политичари.