Свекрва ја нападнала снаата во Гостивар

Триесет и двегодишна гостиварка вчера во СВР Тетово пријавила дека била нападната од свекрвата.

Како што информираат од СВР Тетово, нападот се случил во семејната куќа, по претходна расправија.

По кавгата свекрвата Ш.И.(65) ја нападнала снаата која го пријавила случајот.

Се расчистува и документира случајот и на Ш.И. ќе и биде изготвен соодветен поднсок.