Материјалниот статус на челникот на француската трговска корпорација за луксузни стоки „Louis Vuitton Moet Hennessy“ (LVMH), Бернар Арно, надминал 100 милијарди долари, што го прави сопственик на третата 12-цифрена сметка во светот, објави во средата агенцијата Bloomberg News.
Се истакнува дека во вторникот сопственоста на Арно достигнала 100,4 милијарди долари, што надминува 3 отсто од бруто домашниот производ (БДП) на Франција. Тоа е резултат на тоа што од почетокот на годинава активата на Арно се зголемила за 43 отсто.
Оваа година тој успеал да заработи 32 милијари долари, повеќе од секој од 500-те водечки претприемачи во светот кои се рангирани во Bloomberg Billionaires Index, кој ги проценува личните богатства на бизнисмените врз основа на пазарните котизации на нивните активи и макроекономски услови.
Арно е најбогатиот човек во Еропа. Претходно лимитот од 100 милијарди долари го надминаа само двајца Американци, челникот на најголемиот онлајн малопродажен синџир „Amazon“, Џеф Безос, чиешто богаство се проценува на околу 119 милијарди долари, и основачот на „Microsoft“, Бил Гејтс со 106 милијарди долари.