
Шефот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејезус изјави дека земјите „мора да бидат предупредени за можноста за повторно разгорување на коронавирусот, откако Европа продолжи да се отвора, а Кина се соочи со нови случаи на коронавирус, по што беа затворени делови од главниот град Пекинг. Глобалниот број на потврдени случаи на коронавирус достигнува 8 милиони, а смртните случаи над 436.000.
Гебрејезус истакна дека биле потребни повеќе од два месеца за да достигне бројката од 100.000 пријавени случаи – што сега претставува дневна стапка и оти вирусот забрзува во Азија и во Америка. Предупредувањето да се преземе акција за спречување на пренесувањето дојде откако Кина на 16 јуни ги зголеми тестирањата и рестриктивните мерки во делови на Пекинг, за да спречи втор бран инфекции откако во градот повеќе од 50 дена не беше забележан нов случај.