Светската здравствена организација (СЗО – WHO) планира во текот на следните две седмици да донесе одлука за итно одобрување на две кинески вакцини против Covid-19, изјави помошничката на генералниот директор Мариангела Батиста Галвао Симао за новинарите во понеделникот.
Симао рече дека СЗО би можела да донесе одлука за вакцинање со кинеската фармацевтска лабораторија „Sinopharm“ до крајот на оваа седмица, а за вакцината на „Sinovac Biotech“ до крајот на следната.
Кина веќе применува милион дози од двете дози дома и го извезува во многу земји, особено во Латинска Америка, Азија и Африка.
Списокот со вакцини на СЗО се третира како показатаел за националните регулатори за ефикасноста и сигурноста на вакцината и сега би им овозможил на кинеските вакцини вклучување во Covax, глобалната програма за обезбедување на вакцините, главно за сиромашните земји.
Доколку ги добијат одобрувањата од СЗО, кинеските вакцини ќе бидат првите препарати против коронавирусот од незадните земји кои ќе ги одобри оваа глобално тело, што укажува на фактот дека не се исполнети ветувањата и најавите на западните произведувачи и земји за преостапување на вакцините во Covax механизмот.