Хашим Тачи, Кадри Вејсели и Рамуш Харадинај се состанаа во еден приштински ресторан за да разговараат за последните случувања во Косово и Специјалниот суд.
Ова го тврди извор запознат со ситуацијата кој во изјава за Приштина Телеграфи, вели дека остануваат уште два дена до одлуката на судот да покрене обвинение против претседателот на Косово, Хашим Тачи и лидерот на Демократската партија на Косово, Кадри Вејсели.
Портпаролот на партијата на Кадри Вејсели, Авни Битичи, потврди за Газета Експрес дека Тачи, Вејсели и Харадинај појадувале заедно, но дека не разговарале за политика или теми важни за Косово и Метохија.