Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави во неделата по разговорите во Брисел се српскиот претседаател Александар Вучиќ и шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, дека очекува договор меѓу Србија и Косово да биде постигнат најдоцна до март 2019 година.
Тачи и Вучиќ имаа одделни средби со високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Федерика Могерини, пред нивната заедничка средба планирана за подоцна во текот на денот. Тачи разговараше со новинари на Дојче Веле, на кои им изрази надеж дека за помалку од една година ќе има договор за статусот на Косово и другите отворени прашања.
„Нормализирањето на односите е единствениот сигурен пат, и тоа треба да се базира на признавањето на независноста на Косово, како и на целосното почитување на правата на Србите“, рече Тачи.
Вучиќ не дал изјава пред неговата средба со Могерини, пренесе агенцијата Танјуг.