Тачи: Подготвен сум за дијалог, иако Србија е геноцидна држава

Приштина е подготвена за продолжување на дијалогот со Србија, иако таа е „геноцидна држава со која Косово има вековно непријателство“, изјави денеска косовскиот претседател Хашим Тачи.

Тој нагласи дека Србије е одговорна за убиството на над 13.000 цивили и за силување на 20.000 Албанки.

– Но, и покрај тоа, Косово израсна во независна и суверена држава… Иако плативме висока цена, ние победивме, а сега е време да победиме и во постигнувањето мир со Србија, истакна Тачи во обраќање пред косовското Собрание.

На собраниката седница на која говореше Тачи, присуствуваа само 30-тина од вкупно 120-те членови на косовското Собрание, бидејќи опозициските пратеници, но и некои од народните избраници од редовите на владејачките партии, го бојкотираа неговото обраќање.